Kинеската „Синохидро“ ќе ги гради новите автопати Скопје-Штип и Kичево-Охрид

Bez autora
Oct 22 2013

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамките на првиот ден од посетата на Пекинг имаше средби со раководствата на три кинески компании, заинтересирани за економска соработка со Македонија. Станува збор за „Чајна стејт констракшн инжинеринг“, најголема градежна компанија во Kина, петта по големина во државата, а десетта во светот, „Синохидро корпорација ЛТД“, која ќе ги гради автопатите Скопје-Штип и Kичево-Охрид и нафтената компанија „Сесаи џилија петро кемикал еквипмент“. Раководството на државната градежна компанија, која е вклучена во проектот за вложување 10 милијарди долари за патишта во земјите од Централноевропската иницијатива, го информира Иванов за нивниот интерес за инвестирање во земјава. За таа цел специјален тим на компанијата веќе е во нашата држава и ги разгледува можностите за инфраструктурни проекти.

Kинеската „Синохидро“ ќе ги гради новите автопати Скопје-Штип и Kичево-ОхридПретседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамките на првиот ден од посетата на Пекинг имаше средби со раководствата на три кинески компании, заинтересирани за економска соработка со Македонија.

Станува збор за „Чајна стејт констракшн инжинеринг“, најголема градежна компанија во Kина, петта по големина во државата, а десетта во светот, „Синохидро корпорација ЛТД“, која ќе ги гради автопатите Скопје-Штип и Kичево-Охрид и нафтената компанија „Сесаи џилија петро кемикал еквипмент“.

Раководството на државната градежна компанија, која е вклучена во проектот за вложување 10 милијарди долари за патишта во земјите од Централноевропската иницијатива, го информира Иванов за нивниот интерес за инвестирање во земјава. За таа цел специјален тим на компанијата веќе е во нашата држава и ги разгледува можностите за инфраструктурни проекти.

Иванов ги информираше за можностите што ги нудат слободните економски зони и напорите што ги прави Владата за подобар инвестициски амбиент. Стана збор и за проектот Јадранско-јонска магистрала и нејзино поврзување со коридорите 8 и 10.

Претседателот на компанијата „Синохидро“ го информира шефот на македонската држава дека сите подготовки за потпишување на договорите за изградба на автопатите Скопје-Штип и Kичево-Охрид од нивна страна се завршени и се чека одобрувањето од македонскиот Парламент по што почнува реализацијата на проектот.

Претставниците на „Сесаи џилија петро кемикал еквипмент“ го известија претседателот Иванов дека се заинтересирани за инвестирање во слободните економски зони во Македонија за производство на пумпи за бензински и за електронски автоделови.

Фред Чанг, кој има своја консултантска фирма и соработува со Европа, планира да инвестира во Македонија. Во изјава за македонските новинари рече дека иако пазарот е мал, сепак Македонија се наоѓа на добра позиција во однос на поставеноста кон ЕУ.

- Ако кој било инвестира во Македонија, ќе биде во можност да се фокусира и кон целиот европски пазар. Затоа, Македонија не е мала и претставува добра база за натамошен продор - истакна Чанг.

Тој смета дека Kина би била добар пазар за македонското вино, но и за органски земјоделски производи, но и дека во Македонија може да се произведува млеко во прав, што би бил исплатлив бизнис за Kина. Чанг како интересни сектори за инвестирање во Македонија ги издвојува земјоделството и енергетиката и тоа производство на алтернативна енергија, преку соларни колектори и ветерници.

Според програмата, претседателот Иванов денеска, освен средбата со неговиот домаќин Џинпинг Си, ќе има обраќање на свечениот прием по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Kина, кој ќе се одржи во Салата на мирот во Kинеската асоцијација за пријателство со странски земји.

По Пекинг, шефот на македонската држава заминува за Ченгду, во провинцијата Сичуан, каде што ќе присуствува на свеченото отворање на 14. Меѓународен форум за Западна Kина, под наслов „Форум за меѓународна соработка на Западна Kина“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik